• понеделник, 23 декември 2024

Алфонсо Дејвис: Од бегалски камп во Гана до финалето во Лигата на шампионите

Алфонсо Дејвис: Од бегалски камп во Гана до финалето во Лигата на шампионите
Лисабон, 23 август 2020 (МИА) - Баерн делува како казнена експедиција во Лигата на шампионите, а една од најважните алки во играта на баварскиот гигант е 19-годишниот Алфонсо Дејвис. Тој ги стави сите sвезди на Барселона во својот џеб, а вечерва има можност да биде крунисан во европски шампион, но патувањето до Лисабон воопшто не беше како на просечен фудбалер. Напротив. Неговите родители, Дибиa и Викторија, морале да избегаат од Либерија поради граѓанската војна, а „среќата“ ја нашле во Гана, каде се родил Алфонсо. Во Гана немало војна, но тоа не му олеснило на семејството Дејвис, кои цело време биле затворени во бегалскиот камп. - Моравме да бидеме вооружени, практично беше невозможно да живееме таму. Не го сакав тоа, па решив да аплицирам за програма за имиграција во Канада. Не очекував многу, но за среќа успеавме да се преселиме во Едмонтон, сведочи Дибиа Дејвис, глава на семејството. Не било лесно, родителите на Алфонсо морале да работат прекувремено, додека тој се грижел за неговите двајца помлади браќа, но со запишувањето во католичко училиште, сè се смени. - Со што и да се зафатеше, тој беше подобар од сите. Трчање, кошарка, било што. Тој беше прекрасно дете, секогаш насмеано и ширеше позитивна енергија околу себе, рече Мелиса Гуко, која работела како тренер во училиштето. Таа потоа стапи во контакт со Тим Адамс, основачот на здружението „Free Footy“, која им помага на децата бесплатно да играат фудбал, кој веќе на првиот тренинг разбрал за каков скапоцен камен се работи. - Имаше и други деца кои имаа физички предиспозиции како него, но Алфонсо имаше фудбалски ум што беше невозможно да не се забележи, рече подоцна Адамс. Наскоро го забележа првиот човек на фудбалската академија „Сент Николас“, кој веднаш го донесе по еден натпревар, за да на 14-годишна возраст да се приклучи на развојниот тим на МЛС тимот на Ванкувер Вајткапс. Тој стана најмладиот дебитант во историјата на УСЛ лигата (сениорска конкуренција, ниво под МЛС) на само 15 години и три месеци. Со помалку од 16 години, тој го направи своето деби во МЛС лигата за Ванкувер, што привлече внимание од најголемите европски клубови. Во меѓувреме, тој стана најмладиот дебитант во сениорската репрезентација на Канада, па стана славен и во Европа. Од еден куп клубови кои му ветија брилијантна кариера, Дејвис се определи за Баерн, кој издвои 10.000.000 евра за него, што го направи најскапиот играч во МЛС лигата во март минатата година. Постепено, ја чекаше својата шанса, тој се почесто играше на позицијата лев бек, иако го покажа својот талент играјќи како лево крило, а тој процвета со доаѓањето на Ханси Флик, кој го „зацементира“ во првите 11. Тој ги „среди“ фудбалерите на Барселона, беше сигурен против Лион, а вечерва се бори за титулата европски шампион. Алфонсо веќе го заврши потешкиот дел од работата ...

Остани поврзан