• понеделник, 13 мај 2024

Агенцијата за туризам одржа трибина за туристички развој на Општина Македонски Брод

Агенцијата за туризам одржа трибина за туристички развој на Општина Македонски Брод
Македонски Брод, 1 јуни 2022 (МИА) - Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски денеска оствари работна  средба со градоначалникот на Општина Македонски Брод, Жарко Ристески и раководни лица од сектор ЛЕР, на која се дискутираше за зголемена туристичка контрола која ќе има фидбек во локалната економија, мапирање на потенцијалите и можностите за туристички развој на регионот и потребата од промоција на истиот како атрактивна туристичка дестинација, информираат од Агенцијата. Претходно се одржа трибина со туристичкиот сектор и заинтересирани локалци за зголемување на туристичката понуда во Македонски Брод, при што беа дадени предлози, се мапираа недостатоците за туристички развој, се разгледуваа потенцијалите, потребата од зголемување на промоцијата и се акцентираше важноста од лиценцирани туристички водичи. - Со зголемена промоција и раст на бројот на туристи домашни и странски Македонски Брод може да биде добар пример како еко-туризмот може да придонесе за економска корист на локалното население, потенцираше Јаневски. Градоначалникот Ристеки ја нагласи потребата паралелно да се движи развојот на алтернативниот, руралниот и активните форми на туризам и заштитата на животната средина. - Акцентот да биде на одржливиот туризам, кој го потенцира позитивното влијание на туризмот врз заштитата на животната средина и врз локалните заедници. Регионот Македонски Брод е најеколошката животна средина во земјава и со развој на одржливите форми на туризам ќе се заштити животната средина каде се практикуваат споменатите форми на туризам, истакна тој. Од Агенцијата информираат дека Јаневски одржал и предавање на тема рурален и еко-туризам пред учениците во општинското училиште СОУ„Св. Наум Охридски“-угостителско-туристичка струка и рурален туризам, со цел да се поттикнат младите да го збогатат своето знаење со компетенции и вештини. - Посетата на претставниците од Агенцијата за туризам заврши со разглед на природата, односно во регионот на Македонски Брод посета на едни од најатрактивните пештери. „Пешна“ со најголем отвор на Балканот, која е прогласена за споменик на културата и „Слатински Извор“ – најдолгата пештера во земјава која се наоѓа во селото Слатина, се вели во соопштението од Агенцијата. Исто така, била истакната потребата да се заштитат Девини Кули — археолошко наоѓалиште на два километри јужно од поречкото село Девич, дестинација на која и е потребна промоција и видливост. ки/дма/  

Остани поврзан