• сабота, 23 ноември 2024

АВМУ го продолжи рокот за одлучување за одземање на дозволата на Канал 77

АВМУ го продолжи рокот за одлучување за одземање на дозволата на Канал 77

Скопје, 16 октомври 2023 (МИА) - Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната 33. седница донесе одлука да се продолжи рокот за одлучување по покренатата постапка за одземање на дозволата на Радио Канал 77од Штип за 30 дена.

Предлог - решението за продолжување на рокот за одлучување по покренатата постапка за одземање на дозволата на медиумот е инициран од Секторот за програмски работи и е поддржан од директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизулени медиумски услуги.

Како што истакнаа на седницата, со оглед на тоа што во овој случај анализата на снимките е многу сложена и бара подолг временски период, согласно Законот за општоуправна постапка, Советот со еден воздржан глас, донесе одлука да се продолжи рокот за 30 дена, со што во случај на предвремено завршување на анализата, има можност за предвремено свикување на седница за да се донесе конечната одлука.

На минатата 32. седница, Советот донесе заклучок за отпочнување на постапката за одземање на дозволата на Канал 77 и во рок од 15 дена требаше да одлучи дали ќе ја донесе одлуката. сан/бак/

 

Фото: МИА архива

Остани поврзан