• вторник, 17 декември 2024

Регионалниот совет за соработка во Тирана ќе го претстави четвртото издание на годишно истражување на јавното мислење за перцепцијата на безбедноста

Регионалниот совет за соработка во Тирана ќе го претстави четвртото издание на годишно истражување на јавното мислење за перцепцијата на безбедноста

Тирана, 16 декември 2024 (МИА) -  Регионалниот совет за соработка денеска во Тирана ќе го претстави четвртото издание на своето годишно истражување на јавното мислење за перцепцијата на безбедноста и клучните социо-економски прашања во Западен Балкан - „ SecuriMeter “.

Советот на својата веб-страница наведе дека од 2021 година, „SecuriMeter“ дава вреден увид во ставовите и искуствата на јавноста во врска со безбедноста, управувањето и довербата низ целиот регион, поддржувајќи ги носителите на одлуки во креирањето одговори на новите предизвици врз основа на истражувачки индикатори.

Овогодинешната презентација ќе содржи панел дискусија на тема „Од перцепции до политики: решавање на безбедноста, владеењето и довербата во Западен Балкан“, како и тематски панели кои ќе ги истражуваат клучните наоди од истражувањето, вклучувајќи ги перцепциите за безбедноста и конфликтите, емиграцијата и демографските предизвици и довербата на јавноста во институциите.

Настанот ќе го отвори генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка, Мајлинда Брегу, која ќе ги претстави клучните точки од истражувањето. вт/

Остани поврзан