• среда, 18 декември 2024

Услови за користење

Прифаќање на условите за користење

Со пристапот на интернет страницата www.mia.mk ги прифаќате и се обврзувате да ги почитувате Условите за користење на содржините од интернет страницата www.mia.mk.

МИА го задржува правото без најава да ги изменува и дополнува овие услови.

Секоја промена или дополнување на Условите за користење се применува од денот на објавувањето.

Право на користење

Посетителите на интернет страницата www.mia.mk имаат право на увид во сите објавени содржини со помош на своите интернет пребарувачи само за лично информирање.

Посетителите на интернет страницата www.mia.mk немаат право на никаков начин да ги преземаат содржините целосно или делумно и да ги отстапуваат на трети лица, да ги складираат во електронска или каква било друга форма, ниту јавно да ги објавуваат или да ги користат за комерцијални намени, без изричито писмена согласност од МИА.

Точност на содржините

Содржината на интернет страницата www.mia.mk изработена е во склад со професионалните новинарски и технички стандарди за новинска агенција. МИА не е одговорна за евентуални директни или индиректни последици од употребата на тие содржини.

Заштита на авторските и сродни права

Интернет страницата www.mia.mk нејзините содржини, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright).

Информативните содржини на интернет страницата www.mia.mk, меѓу другото, се дел од Базата на податоци на МИА. Таа база на податоци е сопственост на МИА и во согласност со Законот за заштита на авторски и сродни права е заштитена како самостојно авторско дело.

Дел од информативните содржини на интернет страницата www.mia.mk создаваат информации кои се интелектуална сопственост на деловните партнери на МИА.

Интернет страницата www.mia.mk содржи заштитени жигови, знаци и називи на друштвото, вклучително и жигот и називот Медиумска Информативна Агенција и МИА. Заштитените жигови, знаци и називи на друштвото не смеат да се користат без изричито писмена согласност од МИА.

Заштита на приватноста и тајност на податоците

Интернет страницата www.mia.mk ја почитува приватноста на своите посетители. Податоците на посетителите не се дотапни за трети лица, освен во случаи поинаку пропишани со закон.

Врски (линкови) до други интернет страници

Некои од врските (линковите) на интернет страницата www.mia.mk водат кон интернет страници и сервиси на други извори на информации и информирање. МИА на никаков начин не е одговорна за содржините на тие страници и сервиси.

 

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Секое неовластено објавување на вести, фотографии или видео, во друг медиум (печатен, електронски или интернет портал), МИА, објавува дека чини 30.000 денари без пресметан ДДВ, по едно објавување на вест,фотографија или видео.

Тој што неовластено ќе објави вест,фотографија или видео, се согласува на овие услови.

За секое неовластено објавување МИА ќе достави фактура до објавувачот со рок на плаќање од 8 дена.

Во случај фактурата да не биде платена во утврдениот рок, ќе биде пресметана законска, казнена камата и ќе биде поведена постапка за присилна наплата против неовластениот објавувач.