• среда, 18 декември 2024

Виена размислува за отстранување на спомен-плочата на Сталин

Виена размислува за отстранување на спомен-плочата на Сталин

Виена, 17 декември 2024 (МИА) - Виенските власти разгледуваат можност за демонтажа на спомен-плочата на Јосиф Сталин, која е поставена од советските окупациски сили по Втората светска војна, јавува ОРФ.

Спомен-плочата, откриена во 1949 година, се наоѓа на зграда во која Сталин престојувал во 1913 година. Во 2012 година е додадена нова плоча која оддава почит на жртвите на сталинизмот.

Австриската социјалдемократска партија (АСДП) и НЕОС сметаат дека е неопходно ваквите историски споменици да бидат ставени во современ контекст и бараат одговорност во соочувањето со минатото. ссм/

фото: Википедија

Остани поврзан