Канада воведе санкции за петмина венецуелски функционери
- Канада воведе санкции за петмина актуелни и поранешни високи претставници на венецуелските власти, обвинувајќи ги за поткопување на демократијата.
Отава, 17 декември 2024 (МИА) - Канада воведе санкции за петмина актуелни и поранешни високи претставници на венецуелските власти, обвинувајќи ги за поткопување на демократијата.
Канадското Министерство за надворешни работи соопшти дека санкционираните лица учествувале во „лажното прогласување“ на Николас Мадуро за победник на претседателските избори одржани на 28 јули оваа година. Меѓу санкционираните е и Карислија Родригез, претседателка на Венецуелскиот Врховен суд.
Венецуелскиот претседател Мадуро постојано ги критикува санкциите на западните земји, нарекувајќи ги незаконски економски мерки насочени кон слабеење на земјата.
„Канада останува длабоко загрижена за антидемократските активности на режимот на Мадуро“, се вели во соопштението на канадската дипломатија. ссм/
фото: архива