Пијанистички настап од 40 метри во воздух
- На необичниот концерт во францускиот град Нант присуствуваа повеќе од 100 љубители на музиката. Тие седеа на столчиња на расклопување...
Лос Анџелес, 27 јули 2020 (МИА) - Швајцарскиот пијанист Алан Роше својот прв настап, откако беше укинат карантинот поради коронавирусот, го изведе на необичен начин - висејќи од кран на 40 метри над земјата.
На необичниот концерт во францускиот град Нант присуствуваа повеќе од 100 љубители на музиката. Тие седеа на столчиња на расклопување, и им беа дадени и слушалки за што е можно подобро да го доживеат квалитетот на звукот на изведбата.
Публиката беше импресионирана од настапот на Швајцарецот, а присутните велеа дека ова било необично, магично искуство. си/сд/