• среда, 25 декември 2024

Меџити: Ќе следи дестабилизација на Европскиот фронт, оти не ги врзува идеологија, туку желба за власт

Меџити: Ќе следи дестабилизација на Европскиот фронт, оти не ги врзува идеологија, туку желба за власт

Скопје, 6 октомври 2024 (МИА) - Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити смета дека излегувањето на Мендух Тачи од коалицијата Европски фронт е само почеток на крајот и оти во иднина ќе има поголема дестабилизација во неа.  

-Тие не се навикнати да бидат опозиција сакаат по секоја цена да бидат власт и ниту идеолошки, ниту минатото ги спојува во Европскиот фронт. Таа коалиција не е заради европски вредности и идеологија туку по секоја цена да бидат повторно на власт. Во моментот кога нема власт, нема што да ги спојува. Во моментот кога не се власт, не се дестабилизира Владата или државата, туку полека, но, сигурно се дестабилира Европскиот фронт. Ова е само почеток на нивниот крај, рече Меџити во одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата за „100 дена Влада“. 

Тој нагласи дека нема директна комуникација со него за евентуално преминување во Влен. 

Прашан за став во врска со предлогот на претседателот на СДСМ Венко Филипче за затворена седница во врска со процесот на евроинтеграција вицепремиерот Меџити истакна дека сега Владата е таа која ја диктира агендата, и оти работи интензивно на тоа што го има ветено и е во програмата.

-Еден од фокусите или главните приоритети на Владата токму европската интеграција. Опозицијата имаше доволно време, 8 години беа на власт и не покажаа ништо. Ние сме посветени на оваа агенда, а тие треба да се посветат на себе си и реформата внатре кај нив, рече Меџити.

Тој смета дека не е сериозно, ниту искрено барањето на ДУИ за ветинг на политичарите.

-Ако ДУИ беше сериозна во желбата да се реализира ветинг на политичарите, тие имаа време тоа да го направат. Под притисок на јавноста велат дека се за борба против корупцијата, но, ако им била искрена целта тоа ќе го направеа во минатото. Владата во еден од своите пет приоритети ја има и борбата против корупцијата. Последниот збор го има Обвинителството, рече вицепремиетот и министер за животна средина и просторно планирање. 

Тврдењето на ДУИ дека ќе работат на деблокирање на евронтеграциите, според Меџити, е исто така беспредметно оти додека биле на Власт не сработиле ништо.

-Ќе им порачам малку да работат на себе си за да бидат атрактивни на политичката сцена, а не да удираат за работи кои сами ги не ги направиле. Ние буквално овие 100 дена се занимаваме со нивните погрешни решенија или делумни и незавршени решенија, рече Меџити. сст/дма/

фото: принтскрин    видео:Влада

 

 

Остани поврзан