• сабота, 23 ноември 2024

„Дајсон“ ги претстави новите „хај-фај“ слушалки

„Дајсон“ ги претстави новите „хај-фај“ слушалки

Сингапур, 3 октомври 2024 (МИА) - Технолошката компанија „Дајсон“ (Dyson), со седиште во Сингапур, ги претстави своите нови технолошко-револуционерни „хај-фај“ аудиослушалки.

Имено, „Дајсон онтрак“ слушалките овозможуваат 55 часа слушање музика со само едно полнење, а предност е и квалитетното отстранување на надворешниот шум. И, како што се вели во описот на сингапусрската компанија, ова е само дел од новите софистицирани перформанси.

Цената на овие висококвалитетни слушалки е 519,00 евра.  си/рп/

Фото: „Дајсон“

Остани поврзан