• среда, 25 декември 2024

Во Индија отворена истрага, влезниците за „Колдплеј“ на „црниот пазар“ достигнаа 915 евра

Во Индија отворена истрага, влезниците за „Колдплеј“ на „црниот пазар“ достигнаа 915 евра

Њу Делхи, 3 октомври 2024 (МИА) - Индиската полиција покрена истрага за препродажбата на карти за претстојните концерти на „Колдплеј“ (Coldplay) во Мумбај. Имено, откако биле распродадени, влезниците потоа биле нудени и препродавани по 7-8 пати повисока цена.

„Колдплеј“ првпат ќе дојдат во Индија во јануари и ќе одржат два концерта. Прописно, карта чинела од 2.500 до 12.000 рупии (27 до 130 евра). Следствено, повеќе од 700.000 луѓе викендов се најавиле на интернет-страницата за букирање влезници, коишто биле распродадени за неколку минути... Потоа почнала неовластената продажба на „црниот пазар“ за поголема цена - 85.000 рупии (916 евра) за билет.

Иако препродавањето билети преку неовластени и „сиви“ канали е незаконско во Индија, тоа е честа практика... Како и во други делови на светот.

Обожавателите на „Оејзис“ (Oasis) во Велика Британија неодамна беа огорчени кога влезниците за настап се распродадоа за неколку минути, а потоа се појавија на „неофицијалните“ места за препродажба - за илјадници фунти. И тоа предизвика истрага од регулаторите.

И интернет-страницата за билети „Тикетмастер“ (Ticketmaster) се соочи со критики за наводното лошо управување и нефер-практики во продажбата на карти за концертите на Тејлор Свифт.  си/рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан