• среда, 25 декември 2024

Глумецот Џон Амос починал во август, но ќерка му, како и цела јавност, сега дознала за смртта

Глумецот Џон Амос починал во август, но ќерка му, како и цела јавност, сега дознала за смртта

Лос Анџелес, 4 октомври 2024 (МИА) - Познатиот американски глумец Џон Амос починал на 21 август, но оваа недела се дозна за неговата смрт. Смртта на Џон ја објави неговиот син Кели Кристофер К. Амос. Покрај обожавателите, за тажната вест преку медиумите дознала и неговата непријатно изненадена ќерка Шенон Амос.

„Останав без зборови. Нашето семејство ја доби потресната вест дека мојот татко Џон Ален Амос починал на 21 август. Ние сме уништени и имаме толку многу прашања за тоа како се случило ова пред 45 дена, а дознавме преку медиумите како многумина од вас. Ова треба да биде време за почит и славење на неговиот живот, а ние се бориме со измешаните емоции и неизвесноста околу неговата смрт“, изјави ќерката на својот интернет-простор.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Shannon Amos | Health & Wellness | Retreats (@officialshannonamos)

Сепак, таа вели дека татко ѝ нашол мир и слобода, се наведува во објавата на Инстаграм.

Семејството Амос е во лоши односи најмалку една година. Шенон прво го обвини нејзиниот брат дека не му обезбедува соодветна здравствена заштита на татко им. Во објава на Инстаграм во јуни 2023 година, Шенон напиша дека нејзиниот татко бил „жртва на злоупотреба и финансиска експлоатација“, но Кели Амос и Џон Амос ги отфрлија тие наводи.

Патем, потврдата за смртта од округот Лос Анџелес, според „Дедлајн“ (Deadline), покажува дека Џон Амос починал од срцева слабост во болница во Инглвуд, Калифорнија, САД. Телото било кремирано на 30 август. Во извештајот е наведена ќерка му Кели како личност која го известила Одделот за јавно здравје на Округот Лос Анџелес за смртта на татко ѝ. Сѐ уште не се знае зошто Кели навреме не ја известила сестра си за смртта на татко им.  си/

Фото: Инстаграм

Остани поврзан