Во Битола се гради ново повеќенаменско спортско игралиште
- Општина Битола денес ги почна градежните активности за изградба на ново спортско игралиште во лоцирано во населбата „Стрелишта“. Станува збор за кошаркарско и ракометно игралиште кое е според стандарди за одржување на официјални спортски натпревари, а ќе може да се игра и мал фудбал, соопштија од Општина Битола.
Битола, 4 март 2026 (МИА) - Општина Битола денеска ги почна градежните активности за изградба на ново спортско игралиште во лоцирано во населбата „Стрелишта“.
Станува збор за кошаркарско и ракометно игралиште кое е според стандарди за одржување на официјални спортски натпревари, а ќе може да се игра и мал фудбал, соопштија од Општина Битола.
- Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски со претседателот на Советот, Бојан Бојкоски денеска беа на локацијата каде што почнаа градежните работи. На игралиштето ќе има и мини атлетска патека и ќе биде поставена еластична подлога од тартан. Вредноста на овој проект е 26,4 милиони денари, а средствата се обезбедени од Министерството за спорт и млади кои Општина Битола ги доби од вториот владин повик, информираа од тамошната локална самоуправа.мт/са/
Фото: Општина Битола