• четврток, 05 март 2026

Ученици дискутираа за дебелината со градоначалникот и советници во Општина Центар

Ученици дискутираа за дебелината со градоначалникот и советници во Општина Центар

Скопје, 4 март 2026 (МИА) - Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски ја отвори панел-дискусијата на тема „8 милијарди причини за дејствување против дебелината“, настан по повод 4 март - Светскиот ден на дебелината, што се реализираше во основното училиште „Кочо Рацин“, соопштија попладнево од локалната самоуправа.

- Од стручен аспект говореа проф. д-р Антони Новотни и доц. д-р Александар Савески, советници на Општина Центар. Во дискусијата активно се вклучија и ученици, кои поставуваа прашања за правилната исхрана, истакнаа од локалната самоуправа.

Говорниците на настанот нагласиле дека е потребна постојана едукација и активно вклучување на семејството и училиштето во креирањето здрави навики кај младата популација.

- Докторите апелираа до учениците да го зголемат внесувањето на овошје и зеленчук, да ја намалат консумацијата на слатки и солени грицки, да бидат активни и да го намалат времето поминато на телефон. Во рамки на дискусијата беа презентирани податоци од студијата на Европската иницијатива, според кои во Македонија само 25 проценти од децата секојдневно консумираат свежо овошје, а 20 отсто јадат свеж зеленчук секој ден, што е меѓу најниските нивоа во Европа, алармираа од Општина Центар.

Герасимовски во пишаната изјава потенцира дека Општината континуирано инвестира во развојот на младите.

- Вложуваме во здравата исхрана за нашите основци, но и во спортскиот живот на младите. Без здрави генерации - нема иднина, затоа сме тука, со нашите советници од докторската фела, да појасниме, советуваме и аплеираме, истакнува градоначалникот. бд/вј/

Фото: Општина Центар

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан