Велешки средношколци од Економска преку работилница за е-маил маркетинг направија новогодишна кампања
- Во пресрет на новогодишните празници, наставници од ОСУ „Јовче Тесличков“ или попознто како Економска од Велес, во соработка со Creative Hub Macedonia, денеска во просторија на училиштето организираа инспиративна работилница за е-маил маркетинг, за учениците.
Велес, 17 декември 2024 (МИА) - Во пресрет на новогодишните празници, наставници од ОСУ „Јовче Тесличков“ или попознто како Економска од Велес, во соработка со Creative Hub Macedonia, денеска во просторија на училиштето организираа инспиративна работилница за е-маил маркетинг, за учениците. Како што информира за МИА професорката Маја Талеска Панова, за да одговорат на предизвикот „Креирај ја најуспешната новогодишна е-маил кампања“ учество земат 20 ученици кои го изучуваат профилот дигитален маркетинг од три генерации. Тие формирааа четири тимови со ученици од прва до трета година .Тимовите неколку часа напорно работеа на изработка на комплетна е-маил кампања.
- Целта беше преку оваа новогодина кампања да ги привлечат клиентите да купат производ или услуга за време на новогодишните празници. Кампањата која ја направија, беше важно да содржи уникатна идеја, креативен дизајн и ефективна маркетинг стратегија,а учениците тоа денеска го постигнаа,појасни Паноска Талеска.
Како што информира професорката Каролина Манаскова, денешниот настан имаше за цел да ги поттикне младите да ги истражат можностите на е-маил маркетингот како ефикасна алатка за дигитална комуникација и промоција.
Таа потенцира дека работилницата беше посебно фокусирана на креирање привлечни кампањи со новогодишна тематика, овозможувајќи им на учесниците практично искуство во дизајнирање, пишување и анализа на е-маил стратегии.
Комисијата за оценка од тојца членови - претставник од Creative Hub Macedonia, наставник по економија/маркетинг, локален претприемач или маркетинг експерт, ја следеа работа на сите четири тима и на крајот ги оценуваа по следните критериуми : креативност и уникатност, релевантност на содржината за целната публика, јасност на пораката и структура на е-маилот, дизајн и визуелна привлечност, и на крајот самата презентација и одбрана на идејата.
Победи тимот од втора година составен од учениците Давид Димитриев, Марко Варналиев, Мартин Дуов, Леонид Малинов и Никола Неделков. Тие направија интересна Новодишна е-маил кампања за светскиот бренд мотори Јамаха.
Како првонаграден тим тие ја добија задачата да направат новогодишна е-маил кампања за нивното училиште. ОСУ„Јовче Тесличков“.
Како што појасни Васко Трајковски директор на ОСУ „Јовче Тесличков“ попознато како Економска, овој уникатен настан претставува дел од заложбите на нивното училиште за поддршка на иновациите и претприемништвото кај младите.
- Комбинирајќи ја теоријата и практичните вештини потребни за современиот дигитален свет. преку соработката со Creative Hub Macedonia, нашиот нашиот наставнички тим на училиштето и јас како директор им обезбедуваме на учениците, младите претприемачи и ентузијастите основа за успех во ерата на дигиталниот маркетинг, потенцира Трајков.
Додава дека денеска тие успеале да ја проследат енергијата и иновативноста на младите кои создадоа новогодишна магија преку е-маил.
Ова беше втора од планираните шест работилници на ОСУ „Јовче Тесличков“ во соработка со Creative Hub Macedonia. Во второто полугодие ќе одржат уште четири вакви и слични работилницу за дигитален маркетинг од кои некои ќе се одржат во Велес, а некои и во Скопје.ад/