Во Кавадарци ново осветлување на регионален пат од Глишиќ до Марена
- Ново осветлување на регионален пат Глишиќ - Марена е реализирано во општината Кавадарци, информираа вечерва од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
Кавадарци, 17 декември 2024 (МИА) - Ново осветлување на регионален пат Глишиќ - Марена е реализирано во општината Кавадарци, информираа вечерва од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
- Во рамките на проектот ,,Реконструкција и доградба на постоечката надземна мрежа за улично осветлување’’, одделението за улично осветлување при Општина Кавадарци постави ново улично осветлување. Се работи за oсветлување на патот од населба Глишиќ до село Марена во должина од 1.100 метри, со 31 столб во висина од 12 метри, на кој ќе бидат поставени 31 лед светилки од 100W, појаснија од кабинетот на Јанчев.
Оттаму додадоа дека станува збор за дел од тендерот од 65 милиони денари. свд/
Фото: Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев