• среда, 18 декември 2024

Превентивни активности од кампањата „Петарди не – безбедност пред сè“ реализирани со средношколците од Крива Паланка

Превентивни активности од кампањата „Петарди не – безбедност пред сè“ реализирани со средношколците од Крива Паланка

Крива Паланка, 17 декември 2024 (МИА) - Кампањата „Петарди не - безбедност пред сѐ" што министерството за внатрешни работи ја реализира како превентива,и годинава во пресрет на новогодишните празници продолжи да ја спроведува со учениците од основните и средните училишта,а денес активности од кампањата со предавања и презентации беа реализирани и во средното општинско училиште „Ѓорче Петров", Крива Паланка, под мотото „Стоп за пиротехника".

Во средното училиште успешно беше спроведено предацање на тема „Стоп за пиротехника“, со цел подигнување на свеста за опасностите од употребата на пиротехнички средства.

-Кампањата ја реализираа докторките Марија и Ангела, ангажирани од Клиниката за пластична хирургија при клиничкиот центар „Мајка Тереза", Скопје,  кои со својата експертиза и искуство пред учениците презентираа третирање повреди предизвикани од пиротехнички средства. Претставници на Министерството за внатрешни работи, Сектор за внатрешни работи Куманово, отсек превенција,  ги информираа учениците за правните последици и ризиците поврзани со употребата на пиротехнички средства. Оваа иницијатива се спроведува трета година по ред, со голема поддршка од наставниците и учениците. Посебен акцент беше ставен на превенцијата и безбедноста, поттикнувајќи ги младите да ги слават празниците одговорно и безбедно, информираат од СОУ „Ѓорче Петров", Крива Паланка.

На настанот беше упатена порака до сите ученици дека празниците се време за радост и убави спомени, да не дозволат пиротехниката да ги уништи.ид/

Фото: СОУ Ѓорче Петров, Крива Паланка 

Остани поврзан