• среда, 18 декември 2024

Одбележани 30 години од основањето на Универзитетот во Тетово

Одбележани 30 години од основањето на Универзитетот во Тетово

Тетово, 17 декември 2024 (МИА)  - Со свечена академија се одбележа 30 годишнина од основањето на Универзитетот во Тетово. Во пригодното обраќање ректорот Јусуф Зејнели истакна дека се одбележува јубилејна година на една образовна институција која во минатото се соочила со многу предизвици.

-Со чувство на гордост и длабока благодарност, денес стојам пред вас да го прославам овој несекојдневен момент во историјата на нашата институција: 30-годишнината од основањето на Универзитетот во Тетово. Денеска славиме јубилејна година на образовна институција, која е основана со храброста, волјата и посветеноста на нашиот народ, во време кога идејата за универзитет на албански јазик се соочи со големи предизвици и противење.Нашиот универзитет не е само зграда. Тоа е симбол на напорите и вербата на една нација во моќта на знаењето, рече ректорот Јусуф Зејнели.

Тој се осврна и на предизвиците кои го очекуваат Универзитетот во сегашноста и иднината.

-Додека го славиме нашето минато и сегашност, мора да гледаме напред со храброст и амбиција. Предизвиците на овој век, брзиот технолошки напредок, еколошките кризи и социјалните нееднаквости - бараат од универзитетите да бидат повеќе од центри за учење и студирање. Универзитетите треба да бидат центри на иновации, одржливост и општествена одговорност. Универзитетите треба да создадат што е можно повеќе врски со заедницата и да ги земат предвид новите барања кои се појавуваат на пазарот на трудот. Тоа се цели кои посветено и долгорочна стратегија ги реализираме, истакна Јусуф Зејнели.

На академијата му беше доделена наградата Почесен доктор на науки, на поранешниот политичар и активист Невзат Халили.ас/

Фото: УТ 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан