• среда, 18 декември 2024

Средба на министерката Јаневска со националните претставници на ЕУ-програмата COST

Средба на министерката Јаневска со националните претставници на ЕУ-програмата COST

Скопје, 17 декември 2024 (МИА) - Министерката за образование и наука Весна Јаневска одржала работен состанок со националните претставници на ЕУ-програмата COST (European Cooperation in Science and Technology) - проф. д-р Зоран Поповски од Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ, национален претставник во COST Committee of Senior Officials (CSO), и Александар Тутновски, COST National Coordinator (CNC).

Како што објави МОН, во фокус на состанокот бил изборот на Поповски за потпретседател на COST и претседател на Извршниот одбор на COST (Executive Board - EB).

-На  219-тиот состанок на COST Committee of Senior Officials  во Мадрид, одржан на 27 ноември 2024, со тајно гласање проф. д-р Зоран Поповски беше избран  за нов потпретседател на COST. Воедно, во наредниот тригодишен период ќе ја извршува и функцијата претседател на COST Executive Board, наведува МОН. 

COST е најголемата научна мрежа во светот, која опфаќа над 60 000 научници и иноватори и располага со годишен буџет од околу 100 милиони евра.

-Со овој избор, проф. д-р Зоран Поповски стана првиот потпретседател во историјата на COST кој доаѓа од земја што не е членка на Европската Унија. Министерката Јаневска му го честиташе изборот на проф. Поповски, истакнувајќи дека неговата улога во високите управувачки структури на COST е од големо значење за поголема вклученост и видливост на научно-истражувачката заедница од Македонија, информира Министерството за образование и наука. хс/са/

Фото: МОН 

 

Остани поврзан