Хуманитарен новогодишен базар за помош на деца со оштетен вид
- Базарот го посетија над 250 хумани луѓе и беа собрани 55.000 денари со кои, како што посочуваат од Лајонс клуб „Светлина“, ќе биде испечатена книга на Брајово писмо која ќе ќе им биде донирана на деца со оштетен вид.
Скопје, 17 декември 2024 (МИА) - Во организација на Лајонс клуб „Светлина“ Скопје и пријателите, на 16 декември во Интермецо бар беше одржан хуманитарен новогодишен базар за помош на деца со оштетен вид.
Базарот го посетија над 250 хумани луѓе и беа собрани 55.000 денари со кои, како што посочуваат од Лајонс клуб „Светлина“, ќе биде испечатена книга на Брајово писмо која ќе ќе им биде донирана на деца со оштетен вид.са/
Фото: Лајонс клуб „Светлина“