Град Скопје: В.д. градоначалникот на Аеродром за семафори на ул.„Васко Карангелевски“ да се обрати до СВР Скопје
- СООПШТЕНИЕ - Апелираме до В.Д градоначалникот на Аеродром да не тера политика и да си ги научи надлежностите, а за поставување семафоризација на ул. Васко Каранѓелески го упатуваме да ургира во СВР Скопје кој е под надлежност на министерот за внатрешни работи од неговата партија ВМРО ДПМНЕ за конечно да се издаде потребната согласност од нивна страна.
17 декември 2024
Ве известуваме дека Јавното претпријатие Улици и патишта Скопје на ул.Васко Карангелевски во изминатиот период има имплементирано повеќе мерки за зголемување на безбедноста во сообраќајот, како воведување зона на школо, вибро ленти и други мерки кои значително допринесуваат за намалување на брзината на возилата.
Проектот за воведување на нови семафори на крстосницата помеѓу ул. Васко Карангелевски и ул. А Димовски, е поодамна согласно ЗБСП е доставен до МВР Секторот за внатрешни работи Скопје веќе 4 пати за добивање на потребна согласност за негова имплементација, барање кое од надлежните не се прифаќа.
Конкретно до Секторот за внатрешни работи ОСП за светлосни сигнали семафори на истата локација, е доставен проект 4 пати, но за истиот СВР скопје се изјаснува негативно односно не дава согласност за поставување, при што од таа причина не може да биде имплементирано на терен.
Апелираме до В.Д градоначалникот на Аеродром да не тера политика и да си ги научи надлежностите, а за поставување семафоризација на ул. Васко Каранѓелески го упатуваме да ургира во СВР Скопје кој е под надлежност на министерот за внатрешни работи од неговата партија ВМРО ДПМНЕ за конечно да се издаде потребната согласност од нивна страна.
Одделение за односи со јавност
Град Скопје
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.