• среда, 18 декември 2024

Се финализира иницијативата за зазеленување на Мега паркот во Карпош

Се финализира иницијативата за зазеленување на Мега паркот во Карпош

Скопје, 17 декември 2024 (МИА) - Во Општина Карпош денеска се финализира иницијативата за засадување садници во новиот Мега парк, дел од акцијата за урбано зазеленување на Скопје, со донација од Европската Унија преку проектот „ЕУ за чист воздух“. Проектот е во вредност од 10 милиони евра во рамки на кој денеска во Мега паркот беа засадени 956 дрвја од 16 различни видови дрвја. 

Shkup, 17 dhjetor 2024 (MIA)

Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија во Северна Македонија истакна дека денешниот настан е дел од проект на Европската унија во вредност од 10 милиони евра, кој ќе помогне во намалувањето на загадувањето на воздухот. Посочи дека денешната активност ќе помогне за подобрување на здравјето на граѓаните, за нивната добро состојба.

-Имајќи во предвид дека сме во зимски период, мислам дека денешниот проект ќе помогне исто така за подобрување на животните услови на граѓаните. Можеби ова за некого изгледа како мал гест, меѓутоа самото садење на дрвца и е од значителна важност не само за здравјето на граѓаните, но и за подобрување на животните услови, рече тој. 

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање,  Изет Меџити нагласи дека во рамки на акцијата за креирање на урбани зелени појаси во Градот Скопје, ќе бидат садени  956 дрвја - две и тригодишни од 16 автохтони дрвени видови кои покрај ефектот врз намалувањето на количеството на ЦО2 во атмосфера ќе апсорбираат и дел од ПМ честичките, ќе ги граничат ефектите од урбаните топлински острови, додека озеленувањето на одредени локации во градот ќе ја направи околината многу попријатна и поатрактивна за рекреативни активности како што е брегот на реката Вардар. 

Како што истакна Меџити, освен во Скопје, вакви акции се преземале и ќе се преземаат и во градовите Тетово, Куманово, Битола и ќе овозможи на четирите најголеми градови во Северна Македонија да се приклучат на иницијативата на Економскиот совет на Обединетите нации – За Европа предизвикот на дрвјата во градовите. 

-Ќе бидат засадени околу 6.000 дрвја првенствено зимзелени како дел од мерките за одговор на загадување на воздухот. Активностите за креирање на урбани зелени појаси се спроведуваат во рамки на ИПА проектот „ЕУ за чист воздух“, финансиски поддржан од Европската унија во висина од 10 милиони евра, а се спроведуваат преку УНОПС, рече тој.

Марко Вујачиќ, раководител на програми во УНОПС потенцира дека тие работат работат и на замена на системите за греење во Градот Скопје. 

Градоначалникот на Град Скопје, Данела Аровска истакна дека и во оваа акција како и во сите останати акции кои ги правеле за зазеленување на јавните површини ја спроведуваат во соработка со 23-те средни училишта на Град Скопје.

-Со ова активно ги вклучуваме и работиме да ја покренеме свесноста кај младите и да градие м професионалци и идни личности кои ќе знаат кое е значењето на чистата животна средина, рече таа.фф/са/

Фото: МИА Архива/МЖСПП

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан