Бранко Горгиев нов в.д директор на Центар за јавно здравје-Штип
- Нов вршител на должност директор на Центарот за јавно здравје во Штип е Бранко Георгиев. Тој од денеска ја презема функцијата од досегашната директорка Марија Димитрова.
Штип, 16 декември 2024 (МИА) - Нов вршител на должност директор на Центарот за јавно здравје во Штип е Бранко Горгиев. Тој од денеска ја презема функцијата од досегашната директорка Марија Димитрова.
Горгиев има завршено Економски факултет насока здравствен менаџмент, претходно беше вработен во ЈП „Исар“-Штип.
Поранешната директорка на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова функцијата ја извршуваше од 17 јули 2017 година. вдј/
Фото: МИА