Четворица израелски војници убиени во јужниот дел на Појасот Газа
- Израелската армија денеска соопшти дека четворица нејзини војници загинале во битка во јужниот дел на Појасот Газа.
Газа, 18 септември 2024 (МИА) - Израелската армија денеска соопшти дека четворица нејзини војници загинале во битка во јужниот дел на Појасот Газа.
-Тројца се тешко повредени, а уште двајца се ранети, додаваат израелските одбранбени сили.
Израел војува со Хамас во Појасот Газа од 7 октомври минатата година, кога радикалната палестинска група изврши ненадеен напад на израелска територија. мс/
фото: ЕПА