• вторник, 24 декември 2024

Директорката на УНИЦЕФ предупредува дека војната во Газа ќе остави долгорочни последици за децата

Директорката на УНИЦЕФ предупредува дека војната во Газа ќе остави долгорочни последици за децата

Њујорк, 6 октомври 2024 (МИА) -  Извршната директорка на Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ), Кетрин Расел, денеска предупреди дека војната во Појасот Газа ќе има долготрајни последици за децата кои претрпеле загуба на најблиските, раселување и се соочуваат со постојан недостиг на храна и вода.

- Ако ја погледнете Газа низ очите на дете, тоа е пекол, изјави Расел за Си-Би-Ес.

Таа истакна дека децата во Газа со години ќе бидат трауматизирани од војната.

Расел дополни и дека испораката на хуманитарна помош за Појасот Газа се уште е изложена на големи опасности.

Според Министерството за здравство на Газа, од 7 октомври минатата година во израелските напади врз Појасот Газа се убиени повеќе од 41.820 Палестинци, а 96.910 се ранети, од кои повеќето жени и деца. ссм/

фото: архива

Остани поврзан