• среда, 25 декември 2024

Во БиХ затворени избирачките места, прелиминарните резултати се очекуваат околу полноќ

Во БиХ затворени избирачките места, прелиминарните резултати се очекуваат околу полноќ

Сараево, 6 октомври 2024 (МИА) - Избирачките места во Босна и Херцеговина беа затворени во 19:00 часот, каде што граѓаните гласаа за локалните органи на власта.

Централната изборна комисија на БиХ (ЦИК) најави конференција за медиумите во 21:00 часот, на која ќе соопштат повеќе информации за одѕивот на гласачите.

До 15:00 часот, гласале 34,98 проценти од гласачите, што е на ниво на излезноста од општите избори во 2022 година, но помалку во споредба со претходните локални избори.

Избори не се одржаа во пет општини погодени од поплави - Јабланица, Коњиц, Крешево, Кисељак и Фојница. ЦИК најави дека изборите во овие општини ќе се одржат кога ќе се создадат услови, најмалку за седум, а најмногу за 30 дена.

Граѓаните на БиХ денеска избираа советници во општинските и градските совети, собранието на Дистрикт Брчко, како и начелници или градоначалници. Прелиминарните резултати се очекуваат околу полноќ. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан