• вторник, 12 ноември 2024

Системот за менаџирање на кризи ќе подлежи на реформи, земјата и натаму се соочува со пожари и екстремно високи температури

Системот за менаџирање на кризи ќе подлежи на реформи, земјата и натаму се соочува со пожари и екстремно високи температури

Скопје, 14 август 2024 (МИА) – Системот за управување со кризи ќе се реформира, одлучи Владата, а тоа ќе се направи преку спојување на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи. Нешто, кое, според Владата, ќе придонесе кон поефикасен кризен менаџмент во иднина. Во меѓувреме, пожарите не стивнуваат, а температурите и натаму се екстремно високи.  

Премиерот Христијан Мицкоски вчера информираше дека на седница на Владата е донесена одлука за спојување на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи со цел поефикасно функционирање на системот за справување со кризи.

Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека е неопходна реформа во системот за менаџирање со кризи.

- Прв чекор што направивме е донесовме одлука да ДЗС и ЦУК да отпочнат процес на фузионирање, оптимирање прво на кадарот, а второ да имаме една институција која во услови на кризен менаџмент ќе знае како да делува по определени протоколи, рече премиерот по вчерашната посета на започнувањето на градежни активности за доградба на објектот „Изворче“ во детската градинка Срничка во Аеродром.

Дополни дека реформите ќе бидат направени откако ќе се изборат со огнената стихија, кога, како што рече „ќе седнеме и сериозно ќе се занимаваме со оваа тема за в година ова да не ни се случи“.

Информираше дека на владината седница одобриле повеќе средства за ЦУК и ДЗС кои се потребни за справување со пожарите.

Премиерот се осврна и на ситуацијата со пожарите при што посочи дека се соочиле со состојба да немаат летала да се справуваат со огнената стихија, додека, во меѓувреме, и пилотите се во пензија.

- Немавме летала за да се справуваме со пожарите со кои што почнаа на 10 јули, освен тоа, пилотите беа во пензија. Армиските полициски хеликоптери беа на сервис. Практично, ние голораки, заедно со пожарникарите, припадниците на Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана, со доброволците се бориме дневно со повеќе од 40 огнени стихии, секој ден, на целата територија на државава, рече тој, заблагодарувајќи им се на сите кои што учествуваат во гаснењето на пожарите. 

Бројот на пожарите не се намалува, апел до граѓаните да бидат исклучително внимателни

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, вели дека бројот на пожарите не се намалува и според досегашното искуство, се очекуваат и нови. Тој апелираше граѓаните да бидат исклучително внимателни, да не предизвикуваат пожари, а доколку забележат пожар веднаш да го пријават.

Според неговите информации, во текот на вчерашниот ден на територијата на државата имало 32 пожари на отворено и шумски пожари. Од нив 15 целосно се изгаснати, шест се ставени под контрола, а 11 се активни.

Пожарот што ја одбележа вечерта е кај селото Врбен во Општина Маврово и Ростуше, за кој Ангелов изјави дека се работи за голем шумски пожар во кој гори смрека, сува трева и јела.

- Се развива висока температура, и во овој момент линијата на огнот е околу 500 метри над првите куќи од селото Врбен. Помеѓу пожарот и селото има асфалтиран пат, верувам дека вработените во НП Маврово со поддршка на локалното население, на асфалтираниот пат ќе успеат да го сопрат овој тежок шумски пожар, изјави тој вчера.

Ангелов информираше дека врз овој пожар во текот на денот вчера дејствувале со пет ер трактори со кои што успеале да го изгасннат едниот крак, а воедно, како што рече, дејствувал и еден голем полициски хеликоптер МИ 171, со големо ведро од два и пол тони, кој што, исто така, значително ја намали линијата на пожарот.

Покрај овој пожар, на територијата на државата, како што информираше директорот на ЦУК, во моментов има и други тешки пожари, како што е пожарот на територијата на Општина Македонски Брод, кој гори кај селото Белица каде што гори борова шума, а пожарот беснее веќе повеќе од 20 дена.

Дополни дека има пожар на територијата на Општина Пехчево, пожарот кој што е активен веќе четврти ден кај селото Негрево, потоа во Општина Новаци, кај селата Полог, Татевци, Гнилеж и Паралово.

Во врска со пожарот на планината Галичица, каде што гори од двете страни, и од охридската, и од ресенската страна, Ангелов рече дека се обидуваат да го изгасат од земја.

Во моментов во државата активни се девет пожари од кои најтешкиот е на Осоговските планинини кој е на недостапен терен, а нови пожари се регистрирани на териториите на Охрид и Скопје, вели во

- Овде се обидуваме да го изгаснеме од земја. Притоа тим алпинисти, односно доброволци од планинската спасителна служба од Охрид, заедно со вработени во НП Галичица, со хеликоптер ги исфрламе на врвот на планината, и тие од таму се спуштат кон огнените јазици и се обидуваат истите да ги изгаснат. Иако од охридска страна веќе се развија два крака од кои што еден оди кон една планинарска куќа, рече тој.

Дополни дека има пожари и на територијата на Општина Кичево, кај селото Патеец, каде што вчера попладне за малку селото ќе било зафатено од пламените јазици. 

- Една куќа беше благо опожарена, но не претрпи поголема штета, рече Ангелов, дополнувајќи дека благодарение на храбрите кичевски пожарникари и локалното население, пожарот бил сопрен буквално пред самото село.

Сподели дека пожари има има и кај селото Зајас, кучевско, потоа кај селото Пласница во Општина Пласница и село Латово во насока на Македонски Брод, како и на територија на Општина Долнени и тоа кај селото Костинци, село Долгаец.

Во врска со пожарот на територија на на Општина Кочани, Македонска каменица, информираше дека гори некаде во атарот на селото Пресека кон село Цера.

За него рече дека е исто така многу тежок шумски пожар кој што ќе создаде сериозни проблеми, бидејќи гори борова шум и папрат, затоа што се работи на повисока надморска височина, која што, според него е тешка за совладување.

Ангелов вчера информираше дека во меѓувреме се појавиле неколку помали пожари кои пожарникарите ќе се обидат да ги совладаат во прва фаза. 

- За нас е многу важен тој почетен напад врз пожарите бидејќи и најмалиот пожар за миг може да се претвори во страотен пожар за кој што потоа ќе бидат потребни денови, но и огромна количина на ресурси да биде изгаснат, рече Ангелов.

Апелираше граѓаните да бидат исклучително внимателни, да не предизвикаат пожар на отворен простор, и ги повика доколку забележат чад или отворен оган да ги пријават на бројот 112. Но, доколку се сомневаат дека одредено лице некаде подметнало пожар, истото да го пријават во најблиската полициска станица или на бројот 112.

Директорот на ЦУК сподели дека во текот на јули имало 765 пожари на отворен простор меѓу кои и шумски пожари. 

Портокалово ниво на опасност од високи температури, активни мерките на владата 

Против пожарите не помага ниту топлотниот бран кој деновиве ја зафати државава. Портокаловото ниво за опасност од високи температури останува активно денеска и утре затоа што под влијание на многу топла воздушна маса од југ, времето ќе биде особено топло и дневната температура наместа ќе надминува 40 степени. 

УХМР до крајот на оваа седмица прогнозира сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност, а од четврток локална појава на дожд.

- Од четврток во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во деновите од викендот кога ќе има услови за изолирано невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. 

Властите во провинцијата Британска Колумбија во западна Канада објавија зголемување на бројот на ненадејни смртни случаи поврзани со екстремно високи температури, наведувајќи дека речиси 500

Поради новиот топлотен бран во првите три дена од оваа работна седмица, до денеска, важат препораките за намалување на ризиците од високите температури кои ги усвои Владата на седница во неделата, на барање на Министерството за здравство.

Со препораките за превенција, ослободени од работните обврски се најранливите групи население - бремените жени и лицата постари од 60 години.

На работодавачите им е препорачано од 12 до 14 август да ги реорганизираат работните активности на градежните работници и на работниците кои работат на отворено односно да се избегнуваат работни активности на отворено од 11 до 17 часот, а во тој период од денот да не се изнесуваат ниту децата од градинките и тие да немаат физичка активност. 

На општините, Црвениот крст и центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран им се укажува да им помогнат на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници. ар/ев/

Фото: МИА архива, Влада на РСМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан