• понеделник, 23 декември 2024

Во Штип оставки си поднесоа двајца директори на државни институции

Во Штип оставки си поднесоа двајца директори на државни институции

Штип, 12 ноември 2024 (МИА) - Во рок од неколку дена оставки се поднесоа директорите на Државниот студентски дом „Браќа Миладиновци“-Штип, Јордан Насев и на Државното средно музичко училиште „Сергеј Михајлов“-Штип, Горан Кавраков.

Кавраков на социјалните мрежи информираше за причините за оставката, додавајќи дека одлуката не била лесна.

-Сакам да издвојам момент да ја изразам мојата искрена благодарност до сите вас. Работењето покрај такви талентирани и посветени поединци не само што беше привилегија, туку и го збогати мојот професионален и личен живот на безброј начини. Особено сум им благодарен на моите блиски пријатели и колеги кои ме поддржуваа во текот на моето патување. Вашето охрабрување, другарство и заедничка смеа го направија моето искуство овде навистина посебно. Ќе ги негувам спомените што ги создадовме заедно, напиша на социјалните мрежи Кавраков.

Директорот на Државниот студентски дом „Браќа Миладиновци“, Јордан Насев  сподели дека веќе на негово место е новоизбраниот в.д директор, Мите Арсов.

-Во моментот ДСД „Браќа Миладиновци“ Штип не должи средства према ниеден добавувач ниту пак према изведувачите. Институцијата ја оставам во одлична материјално,финансиска состојба, подготвена да функционира беспрекорно. Во моментов Студенскиот дом на сметката има околу три милиони денари, тоа се средства од тековни заштеди од тековното работење, вели Насев.

На новоизбраниот в.д директор му посакува успешна и плодна работа. вдј/нд/

Фото: МИА 

Остани поврзан