Приведен кавадарчанец, баран со потерница поради бегство од затворот во Гевгелија
- Приведен е кавадарчанец, баран со потерница поради бегство од затворот во Гевгелија, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
Кавадарци, 15 јануари 2026 (МИА) - Приведен е кавадарчанец, баран со потерница поради бегство од затворот во Гевгелија, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
- Синоќа во 18:40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа О.В.(42) од Кавадарци, кој бил баран со централна потерница поради бегство од Казнено - поправна установа Затвор Гевгелија. О.В. бил спроведен во установата за доиздржување на казната, соопштија од СВР Велес. свд/