• вторник, 20 јануари 2026

Зголемени бројки на заболени од грип во Прилеп, но состојбата не е алармантна

Зголемени бројки на заболени од грип во Прилеп, но состојбата не е алармантна

Прилеп, 19 јануари 2026 (МИА) - Сѐ уште не е достигнат „пикот“ на грипот во Прилеп иако бројките на регистрирани заболени од грип е зголемен, информираат од прилепскиот Центар за јавно здравје.

- Во Прилеп се регистрирани 127 заболени од грип. Бројката е трипати зголемена, но не е алармантна и нема фатални последици. Двајца се хоспитализирани на Инфективното одделение, а уште двајца пациенти на Детското одделение. Хоспитализираните се во добра состојба, не се на ресpипратор, само со температура и болки во телото, вели Марија Стевананџија Дамческа, епидемиолог во Центарот за јавно здравје во Прилеп.

Додека во Крушево се регистрирани само 15 заболени и нема зголемување, во Македонски брод, според бројот на жители, бројката е голема и се регистрирани 132-ца заболени од грип.

- Во наредниот период се очекуваат зголемени бројки на заболени од грип. Утре ќе започне и второто полугодие во училиштата и ние будно ќе ја следиме состојбата со отсуствата од наставата, појаснува епидемиологот Стевананџија Дамческа. ем/аа/

Фото: МИА

Остани поврзан