• вторник, 20 јануари 2026

Во Виница Светиот крст во рацете на Бојан Колишев

Во Виница Светиот крст во рацете на Бојан Колишев

Виница, 19 јануари 2026 (МИА) - По повод големиот христијански празник Водици – Богојавление градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски упати честитки до сите верници кои го празнуваат овој свет ден.


-Нека светлината и благословот на осветените води донесат здравје, мир и духовна сила во вашите домови, а верата и заедништвото нека бидат водилка во секојдневниот живот. Водици нè потсетуваат на значењето на чистотата, надежта и љубовта меѓу луѓето – вредности што нè обединуваат и нè прават посилна заедница. Во мое лично име и во името на Општина Виница, Ви посакувам празникот да го поминете во радост, спокој и благосостојба, рече Костадиновски.


Според  градоначалникот Митко Костадиновски, најсреќни меѓу најхрабрите во Виница и во неколку помали населениместа од Општината оваа година се: Бојан Колишев - Виница, Наум Крстов - Истибања, Даниеле Јанчев - Драгобраште, Наум Тренчовски - Блатец, Андреј Стаменков-Јакимово, Христијан Гоцевски - Лески, Мартин Велинов-Трсино, Валентино Китанов - Пекљани Лука Цеков-Градеци и Иван Арсов - Липец.ис/лв/

фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан