Васко Дрвошанов и годинава го фати светиот крст во Струмица
- И годинава Васко Дрвошанов од селото Куклиш го фати положениот крст во осветените води на базенот „Аквариус“ во Струмица. Во водата скокнаа 16 граѓани, а најбрз беше Дрвошанов.
Срумица, 19 јануари 2026 (МИА) - И годинава Васко Дрвошанов од селото Куклиш го фати положениот крст во осветените води на базенот „Аквариус“ во Струмица. Во водата скокнаа 16 граѓани, а најбрз беше Дрвошанов.
Тој од градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, доби пригоден подарок, како и подароци од спонзорите.
Со свечена Богојавленска литургија, празникот Водици беше одбележан во сите храмови на Струмичката епархија, а положување на крстот беше изршено и во другите општини и населени места во Југоисточниот регион
Инаку, во осветените води на браната Паљурци во Богданци светиот крст петти пат по ред го фати Саше Михајловиќ, во Валандово Здравко Коцевски, а во Радовиш Филип Ристов. рт/аа/
Фото: МИА