Честитка од МД „Илинден“ по повод празникот Богојавление-Водици
- - Радувајќи се на Исусовото крштевање, осветувајќи ги македонските и сите води да си посакаме подобра иднина, знаење, мудрост и енергија, сила и верба за позитивните исчекори. Да се помолиме и да си посакаме убави празнични денови, а убавите мисли и дела, честа и достоинството да не следат и да се постојано со нас и оваа година. Бидете благословени и нека ни е честит големиот христијански празник, Ваше Блаженство, се вели цо честитката потпишана од претседателот на МД „Илинден“ Никола Ѓурѓај.
Дебар, 19 јануари 2026 (МИА) - По повод христијанскиот празник Богојавление, македонското друштво „Илинден“ упати честитка до поглаварот на Македонската правослвна црква - Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан и до сите православни верници,
Во честитката се посочува дека богојавление е настан што „просветлува и не поучува на прочистување кога постои вистинската верба“.
- Радувајќи се на Исусовото крштевање, осветувајќи ги македонските и сите води да си посакаме подобра иднина, знаење, мудрост и енергија, сила и верба за позитивните исчекори. Да се помолиме и да си посакаме убави празнични денови, а убавите мисли и дела, честа и достоинството да не следат и да се постојано со нас и оваа година. Бидете благословени и нека ни е честит големиот христијански празник, Ваше Блаженство, се вели цо честитката потпишана од претседателот на МД „Илинден“ Никола Ѓурѓај.
Празникот го честиташе и Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ и МД „Преспа" со желби „радоста и благодатта на Водици да бидат со сите Македонци“. вт/лв/
фото: МИА архива