• понеделник, 19 јануари 2026

Матеј Стојановски го извади крстот од осветените води на река Пчиња, општина Старо Нагоричане

Матеј Стојановски го извади крстот од осветените води на река Пчиња, општина Старо Нагоричане

Куманово, 19 јануари 2026 (МИА) - Средношколецот Матеј Стојановски од село Младо Нагоричане го извади крстот од водите на реката Пчиња во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане. По крстот скокаа триесетина верници од општината.

Стојановски доби пригодни подароци од општината Старо Нагоричане.

Празникот Богојавление - Водици масовно го прославуваат жителите, кои ги посетија православните цркви на подрачје на општината. Традиционалната манифестација се одржува во село Драгоманце на кејот покрај Пчиња. ам/мд/

Фото: Општина Старо Нагоричане

Остани поврзан