Во Делчево се одржа првиот состанок на Советот на интелектуалци
- Во Делчево се одржа првиот состанок на Советот на интелектуалци. На состанокот, кој во иднина се планира да биде традиционално одржан на празникот Водици, присуствуваа делчевци од различни професионални сфери, а присутни беа и локалните власти.
Делчево, 19 јануари 2026 (МИА) - Во Делчево се одржа првиот состанок на Советот на интелектуалци. На состанокот, кој во иднина се планира да биде традиционално одржан на празникот Водици, присуствуваа делчевци од различни професионални сфери, а присутни беа и локалните власти.
Градоначалникот Иван Гоцевски, кој беше домаќин на состанокот, истакна дека целта на средбата е да се покаже човечкиот и професионалниот капацитет на Делчево и желбата за развој на општината.
-Разговаравме речиси два часа за тоа колку Делчево е убаво место за живеење и колку може да биде уште поубаво. Денеска сакаме да покажеме дека имаме волја и знаење да го развиеме Делчево. Овде беа присутни професори, лекари, стопанственици, новинари и поранешни градоначалници. Уште повеќе делчевци ќе ги откриеме и ќе ги вклучиме во развојот на нашата општина. Ги прифаќаме сите со отворени раце и со искрена желба заедно да го направиме Делчево посакувано место за живеење, изјави Гоцевски.
Професорот Александар Атанасов додаде дека е важно донесените одлуки и препораки од советите и комисиите да се спроведуваат на дело и да се обезбедат конкретни финансиски средства.
-Ако треба, Општината точно испраќа финансии за клучни проекти, како што се подобрување на образованието и инфраструктурата. Не треба да оставиме ниту еден проблем за општината секоја година, бидејќи секоја иницијатива е значајна за развојот на Делчево, истакна Атанасов.
Гоцевски и Атанасов во своите изјави ја потенцираат потребата од системски развој, финансиска поддршка и активна соработка меѓу локалната и централната власт, како и значењето на вклучувањето на сите делчевци кои можат да дадат свој придонес за развојот на општината. вс/мд/
Фото: МИА