• вторник, 20 јануари 2026

Жител на Радичево починал откако паднал во шахта

Жител на Радичево починал откако паднал во шахта

Струмица, 19 јануари 2026 (МИА) - Вчера во Полициската станица Струмица е пријавено дека во село Радичево, струмичко, е пронајден починат К.Г. (66) од истото село, кој од невнимание паднал во шахта во неговото дворно место, соопштија денеска од СВР Струмица

Во соопштението се додава дека лекар констатирал смрт без траги на насилство, а увид извршила екипа на СВР Струмица. рт/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан