Погба ќе пропушти уште најмалку три недели
- Фудбалерот на Јувентус, Пол Погба, поради повреда ќе пропушти уште најмалку три недели, објави весникот „Газета дело спорт“.
Торино, 13 март 2023 (МИА) – Фудбалерот на Јувентус, Пол Погба, поради повреда ќе пропушти уште најмалку три недели, објави весникот „Газета дело спорт“.
Францускиот репрезентативец кој се мачи со повреди уште од минатото лето, има нова повреда на адукторот на десната натколеница, покажаа лекарските прегледи, соопштија од клубот од Торино.
- Жал ми е за момчето затоа што тренира многу добро во последно време. Но, мора да има малку повеќе трпение и да се врати посилен од порано, изјави тренерот на „бјанконерите“ Масимилијано Алегри.
Погба пропушти 34 од 37 натпревари на Јувентус оваа сезона. Ќе отсуствува уште најмалку три недели. зс/
Фото: ЕПА