• сабота, 23 ноември 2024

Дурант: Не размислувам за продолжување на договорот

Дурант: Не размислувам за продолжување на договорот

Феникс, 1 октомври 2024 (МИА) – Кошаркарот на Феникс санс, Кевин Дурент изјави дека прашањето за продолжување на договорот не му важно пред почетокот на сезоната.

- Имам уште две години од мојот сегашен договор. Значи, сите мои мисли се да играм најдобро што можам на теренот. И ќе се справиме со договорните прашања кога ќе дојде време, рече Дурант.

Напаѓачот на Санс наполни 36 години на 29 септември.

На Дурент му следуваат 51,1 милиони долари во претстојната сезона и 54,7 милиони долари во 2025/26 пред да стане слободен агент летото 2026 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан