Не добивме ниту еден предлог за правосудните реформи, почнуваме да го развиваме нашиот систем на реформи, најави Мицкоски
- Рокот до 30 септември што го даде Владата помина, но за жал до нас не стигна ниту еден конкретен предлог како треба да се одвива реформата во нашиот правосуден систем. Затоа од денеска ние почнуваме да го развиваме нашиот систем и започнуваат реформите во македонскиот правосуден систем, затоа што Македонија и граѓаните немаат повеќе простор за чекање, порача премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција по повод 100 дена од мандатот на новата Влада.
Скопје, 1 октомври 2024 (МИА) - Рокот до 30 септември што го даде Владата помина, но за жал до нас не стигна ниту еден конкретен предлог како треба да се одвива реформата во нашиот правосуден систем. Затоа од денеска ние почнуваме да го развиваме нашиот систем и започнуваат реформите во македонскиот правосуден систем, затоа што Македонија и граѓаните немаат повеќе простор за чекање, порача премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција по повод 100 дена од мандатот на новата Влада.
Тој подвлече дека борбата против корупцијата е една од можеби најголемите забелешки која ја слушал изминативе денови, односно зошто се уште не започна борбата против корупцијата, односно зошто не апсиме, но потенцира дека ниту како човек, ниту како универзитетски професор, ниту како политичар нема да дозволи од тоа да прави естрада и никогаш вели, нема да се случи преку својата позиција и злоупотребите на институциите кои што се дел од македонската Влада да манифестира сила моќ и реваншизам, затоа што засекогаш мора да престане тој начин на однесување.
-Човечки е да се простува, но исто така потребно е криминалот и корупцијата да бидат казнети. Но има институции каде што се водат тие процеси, има закон, има Устав пред кој тие кои сториле криминал треба да одговараат без разлика дали се тоа политички криминалци, бизнис криминалци, или некој друг вид криминалци кои што можеме да ги сретнеме сеуште на улиците низ државата. Затоа ве молам да бидете трпеливи, процесот е тежок затоа што имаме партиски октроирано и заробено обвинителство и судство и тоа не мислам за сите обвинители и судии, туку за една мала група од нив кои се партиски послушници кои го контаминираа нашиот правосуден систем, вели Мицкоски.
Посочи дека до вчера до кога бил рокот за предлог реформи за правосудството до Владата официјално не пристигнал ниту еден предлог.
-Сите оние кои што критикуваа, сите оние кои што велеа дека ние сакаме да правиме чистка во правосудството и повторна партизација, само овој пат да ги смениме улогите, наместо едните и другите, наместо СДСМ и ДУИ да бидат Вреди, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, ги нема. Затоа од денеска ние почнуваме да го развиваме нашиот систем, нашата методологиоја и започнуваат реформите во македонскиот правосуден систем, затоа што Македонија и граѓаните немаат повеќе простор за чекање, рече Мицкоски.
Борбата со криминалот и корупцијата продолжуваат, посочи премиерот нагласувајќи дека голем дел од случаите се веќе разоткриени и се на виделина на јавноста.
- За првпат во независна држава имаме врховен судија кој што е фатен со мито во рацете, имамем поранешен претседател на Советот на јавни обвинители кој што е сочесник во тоа, поранешни пратеници, актуелни пратеници, директори, бизнисмени, огромни скандали. Можеби наша грешка беше што не правевме спектакл и естрада од сето тоа, но така се одлучивме мислејќи дека приватноста на семејствата, пред се, но и презумпцијата на невиност да ги испочитуваме пред било што да правиме, не смеевме да ги осудиваме луѓето пред да бидат вистински осудени, вели премиерот Мицкоски.
Според него, мора да се стави крај на таа пракса кога специјалци влегуваа во домовите на пратенции пред очиглед на малолетни деца и се иживува врз нив за да биде задоволена суетата на некои политички моќници.
Нема потреба од тоа, мора да се сме на земја, подобро половина чекор напред, отколку три напред-два назад, верувајте тоа веќе се чувствува. Одговорноста е на највисоко ниво а псоветеноста и работата ќе продолжи со уште поголема одлучност, нагласи премиерот Мицкоски. вг/ев/
Фото: Принтскрин