• четврток, 26 декември 2024

Милошоски: Обраќањето на Сиљановска Давкова сеопфатно

Милошоски: Обраќањето на Сиљановска Давкова сеопфатно

Скопје, 25 декември 2024 (МИА) - Обраќањето на претседателот на државата Гордана Силјановска Давкова беше сеопфатно обраќање коешто ги опфати и нејзините надлежности, но се осврна на одредени теми кои се актуелни во македонското општество, смета пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

- Тоа што сакам да го потенцирам е што има координација во надворешната политика меѓу претседателот на државата, премиерот и министерот за надворешни работи. Сметам дека таа координација е неопходна за да може да се постигнат посакуваните резултати. Она што го потенцира претседателката како нејзина идеја и заложба дека и опозицијата би било добро да се вклучи во градењето на еден национален консензус за надворешно политичките цели на Македoнија. Сметам дека е добра замисла, но според мене реално не знам дали би била остварлива цел, барем во овие моменти, рече тој.

Милошоски нагласи дека билатерализацијата на евроинтеграциите не е корисен метод ниту за ЕУ, ниту за земјите кандидати, бидејќи, како што рече, се доведуваме во ситуација да мериме емоции и историски недоразбирања.

- Сакав да ја потенцирам исто така нејзината определба за евроинтеграциите, која што не е безусловна, туку гледаме дека содржеше во себе и аргументирана критика на принципот на билатерализација на евроинтеграциите. Го делиме мислењето дека билатерализацијата на евроинтеграциите не е корисен метод, ниту за ЕУ, ниту за земјите кандидати на членки во ЕУ, бидејќи наместо да се мерат стандардите и постигнувањата согласно Копенхашките критериуми, се доведуваме во ситуација да мериме емоции, историски настани или политички недоразбирања. Се надевам дека во еден глас, и сите оние кои се занимаваат со надворешна политика, но и претставниците на опозицијата, ќе го испратат ова како порака до своите соговорници, секогаш и секаде каде што имаме можност да ја претставуваме Македонија како наша заедничка држава, рече Милошоски. фф/бак/

Фото: МИА

Остани поврзан