• недела, 06 октомври 2024

Релево: Иниеста одлучи да се пензионира

Релево: Иниеста одлучи да се пензионира

Мадрид, 1 октомври 2024 (МИА) - Поранешниот фудбалер за врска на Барселона и Шпанија, Андрес Иниеста одлучи да се пензионира, пренесува „Relevo“.

Според шпанскиот спортски портал, 40-годишниот Иниеста својата одлука ќе ја соопшти на 8 октомври.

Последен клуб на Иниеста беше Емирати од Обединетите Арапски Емирати, за кој настапуваше во сезоната 2023/24. 

Во текот на својата кариера, играчот од средниот ред играше за Барселона и Висел Кобе.

Во составот на Каталонците, Иниеста девет пати стана шампион на Шпанија, шест пати го освои националниот куп и четири пати ја освои Лигата на шампионите. За шпанската репрезентација одигра 131 натпревар и постигна 13 голови. зс/

Фото: ЕПА

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан