• вторник, 24 декември 2024

Синот на Ибрахимовиќ ќе дебитира за шведските јуниори

Синот на Ибрахимовиќ ќе дебитира за шведските јуниори


Стокхолм, 1 октомври 2024 (МИА) – Максимилијан Ибрахимовиќ, 18-годишниот син на шведската фудбалска ѕвезда Златан Ибрахимовиќ, доби дебитантски повик за настап во шведската јуниорска репрезентација, соопштено е денеска во Стокхолм.
Младиот центарфор го потпиша својот прв професионален договор ова лето со Милан, каде неговиот татко ја заврши кариерата во јуни 2023 година.
Максимилијан Ибрахимовиќ настапува за младинскиот тим на италијанскиот клуб, додека Златан од средината на декември e советник на сопственикот на Милан.
„Тој започна одлично со Примавера. Тоа е добра можност за нас да го видиме во нашата средина“, изјави тренерот на јуниорската репрезентација Андреас Петерсон за шведските медиуми.
Шведската јуниорска репрезентација за неколку денови во Шпанија ќе одигра два пријателски натпревари против Јапонија и САД. ег

ФОТО: Икс

 

Остани поврзан