• вторник, 12 ноември 2024

Навивач на Атлетико доживотно суспендиран

Навивач на Атлетико доживотно суспендиран


Мадрид, 1 октомври 2024 (МИА) – Шпанскиот фудбалски прволигаш Атлетико Мадрид соопшти денеска дека воведе трајна забрана за влез на стадионот на навивач кој полицијата го идентификуваше оти фрлил предмет на теренот за време на првенствениот натпревар против градскиот ривал Реал Мадрид во неделата.
Натпреварот беше прекинат 20-ина минути бидејќи навивачите на Атлетико фрлаа предмети кон голманот на Реал, Тибо Куртоа, откако Реал поведе во вториот дел. 
Атлетико сепак освои бод, ремизирајќи 1-1 со голот на Анхел Кореа во судиското продолжение.
„Нашиот Оддел за безбедност продолжува да работи со полицијата за идентификување на другите инволвирани, кои ќе бидат трајно протерани од стадионот“, соопшти Атлетико. ег

ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан