• сабота, 06 декември 2025

Општинскиот Црвен крст Велес го одбележа Светскиот ден на вoлонтерството

Општинскиот Црвен крст Велес го одбележа Светскиот ден на вoлонтерството

Велес ,5 декември 2025 (МИА) – Општинската организација на Црвен крст Велес синоќа во Еurope Hause  со свеченост и доделување на признанија зa 2025 година на младите како и на долгогодишните волонтери  го одбележа 5-ти Декември Светскиот ден на волонтерството.  

Како што денеска информира за МИА, Орце Николов секретар на ООЦК Велес, Светскиот ден на волонтерството e посветен на сите кои со својата хуманост, посветеност и несебичност го прават светот подобро место. 

-Во Црвен крст – Општинска организација Велес со гордост ги истакнавме волонтерите кои во текот на 2025 година оставија силен печат со својот труд, ангажман и искрена желба да помогнат, потенцира Николов.

На свеченoсѕа им беа доделени признанија на младите волонтери кои во 2025 година се истакнаа со својот труд, посветеност и хуманост: Љубе Лазов, Кристина Костовска, Мартина Георгиевска и Лана Басаров.

Покрај  младите, оваа година својот печат го оставија и нивните повозрасни волонтери, здруженија и активни членови, кои со својот континуиран ангажман придонесуваат за посилна и похумана заедница: Здружение на граѓани „Акцијаш – Ветерани Велес“, Слободан Бошков, Лидија Пљакова.

Наградата за животно дело за 2025 година, за долгогодишен придонес и развој на Црвениот крст, ја добија  двајца исклучителни волонтери со повеќе од 40 години волонтерски стаж: Петре Петрушевски и Мирчо Давчевски

Благодарницата „Ангел Киров“ за најволонтер во 2025 година, со над 200 волонтерски часови зад себе,  ја доби Матеја Матева.

Претседателката на ООЦК Велес д-р Кевица Клифова  на свеченоста им се заблагодари на сите волонтери со пораката На сите добитници – од срце честитаме!На сите волонтери – ви благодариме, Среќен 5 Декември – Светски ден на волонтерството,Да продолжиме заедно да го правиме светот подобро место.ад/

Фото: МИА

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан