• сабота, 06 декември 2025

Општина Битола додели награди за најдобите волонтери

Општина Битола додели награди за најдобите волонтери

Битола, 5 декември 2025 (МИА) - Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола денеска додели награди за најдобрите волонтери во минатата година, здруженија и поединци кои се истакнале со својот ангажман.

Награда за волонтерски ангажман во локалната заедница добија Доброволно противпожарно друштво „Архангел“ – Битола, иницијативата „ЕкоРозе“, иницијатива „Волонтерско цртање во Зоолошка градина“, Јулијана Делев и Лина Чашитовска.
Наградите ги додели градоначалникот на Битола, Тони Коњановски. мт/лв/

Фото: Општина Битола

Остани поврзан