• сабота, 06 декември 2025

КЈП „Водовод“ со нови акции за расчистување на диви депонии во Трајаново Трло и во Ромското Маало

КЈП „Водовод“ со нови акции за расчистување на диви депонии во Трајаново Трло и во Ромското Маало

Кочани, 5 декември 2025 (МИА) - КЈП „Водовод“ - Кочани денеска спроведе акции за чистење на нови диви депонии во населбата Трајаново Трло, на потегот над детското игралиште и на неколку локации во Ромското Маало. Интервенцииите опфатија отстранување на различни видови отпад во огромни количини, исфрлен непрописно, соопшти Општина Кочани.  

Ова се локации што често се загадуваат и покрај редовните реакции и зголемениот ангажман за одржување на јавната чистота на комуналните екипи. Акциите се дел од тековните напори за подобрување на хигиената во урбаните заедници и превенција од создавање нови депонии, се наведува во соопштението.

Од КЈП „Водовод“ апелираат до жителите да го почитуваат редот за отстранување на отпадот со цел да се зачува животната средина уредна и здрава. ис/лв/

фото: Општина Кочани

Остани поврзан