• сабота, 06 декември 2025

Во кривопаланечката гимназија се одржа тактичко - показна вежба за гасење пожари и евакуација

Во кривопаланечката гимназија се одржа тактичко - показна вежба за гасење пожари и евакуација

Крива Паланка, 5 декември 2025 (МИА) -  Проверка на подготвеноста на учениците, наставниците и техничкиот персонал за безбедна и брза евакуација во случај на пожар, како и утврдување на ефикасноста на постоечките евакуациски патеки и излези беа главните цели на одржаната тактичко показна вежба за гасење пожари и евакуација што се одржа во средното општинско училиште „Ѓорче Петров", Крива Паланка.

Вежбата се реализираше во соработка со Територијалната противпожарна единица Крива Паланка и ОВР Крива Паланка. ТППЕ Крива Паланка учествуваше со 15 пожарникари и 4 противпожарни возила, а се вклучија и десетина полициски службеници.

-Согласно годишниот план за заштита и евакуација на нашата институција реализиравме вежба за гасење пожар и евакуација која имаше јасна цел, да се провери подготвеноста на учениците, наставниците и техничкиот персонал за безбедна и брза евакуација. Истовремено, заедно со службите ја утврдивме ефикасноста на постоечките евакуациски патеки и излези, вработените беа обучени за правилно постапување при пожар и беше подобрена координацијата помеѓу училиштето и противпожарната службa , но и другите институции: ОВР Крива Паланка, Здравствен дом и ОО на Црвен Крст, информира директорката на СОУ Ѓорче Петров, Крива Паланка, Елена Ѓоргиевска.

Ова училиште, како и останатите воспитно образовни институции од Крива Паланка редовно реализираат вакви вежби со кои се подигнува нивото на подготвеност за справување со пожари, за навремено превентивно и едукативно делување.ид/лв/


Фото:СОУ Ѓорче Петров Крива Паланка 

Остани поврзан