• сабота, 06 декември 2025

Градоначалникот Коњановски приреди прием за победниците на натпреварот „Средношколец – Милионер“

Градоначалникот Коњановски приреди прием за победниците на натпреварот „Средношколец – Милионер“

Битола, 5 декември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски приреди прием за учениците Иван Секуловски од СОУ „Јосип Броз Тито“, Јован Талевски од СОУ „Ѓорѓи Наумов“ и Марио Рабаџиевски од СОУ „Таки Даскало“, кои како тим „Стеј Би“ победија на натпреварот „Средношколец – Милионер“.

Младите битолчани победија со нивната бизнис идеја „Систем 4“, за напредни алатки со вештачка интелигенција за сервис за луксузни ресторани и хотели, односно систем за контактирање на бизниси, потоа телефонски агент кој го заменува рецепционерот, асистенти за интернет страниците и самите веб страници.

Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираа дека Коњановски им честитал за освоената награда и нивната мотивираност да се борат со своите идеи пред предизвиците на модерното време, охрабрувајќи ги и нив и сите други млади да бидат успешни млади луѓе во креирањето на својата кариера и иднина.

- Општина Битола ќе продолжи да ги поддржува активностите и креативните идеи на младите луѓе, посочија од тамошната локална самоуправа.мт/лв/

фото: Општина Битола 

Остани поврзан