• вторник, 30 јули 2024
МИА Флеш

  30 јули 2024

 

Скопје - Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Клер Харасти, директорка на Меѓународната организација на трудот за Централна и Источна Европа, соопштија од претседателскиот кабинет.

На средбата, како што се наведува во соопштението, се разговарало за досегашниот ангажман на оваа организација кај нас, за улогата на Меѓународната организација на трудот при носење на социјалните политики, за поддршката при формирањето на Економско-социјалниот совет во 2010 година, воведувањето минимална плата, како и за имплементацијата на низа политики за зголемување на процентот на вработеност меѓу младите и носењето стратегии за малите и за средните претпријатија.

Скопје - Внимателно го следиме процесот, Министерството не е истражен орган, но ќе се заложиме за тоа никој да не биде обвинуван во државата без да има соодветни докази за тоа, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во врска со обвинувањата од Венецуела дека „хакери од Северна Македонија“ направиле сајбер-напад врз системот за пренос на податоци на изборите во оваа јужноамериканска земја.

Прашан за коментар во врска со обвинувањето од главниот обвинител на Венецуела дека наши државјани извршиле сајбер-напад во корист на опозицијата, а против досегашниот претседател Николас Мадуро, Андоновски одговори дека „станува збор за социјалистички режим којшто со години лиферува често информации непоткрепени со докази и обвинува засегнати страни и држави коишто немаат одговорност во таквите случаи“. 

Скопје - Во текот на вчерашниот ден на територија на државата имало вкупно 46 пожари на отворено и шумски пожари. Од вкупниот број на пожари, 27 целосно се изгаснати, пет тешки пожари се ставени под контрола, а во моментот активни се 14 пожари.

Директорот на Дирекцијата за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов преку видео изјава соопшти дека неколку пожари во земјава се намерно подметнати.

Свети Николе - Околу 40 куќи, од кои поголем дел се стари, но и нови, кои се живеалишта на жителите во селата Малино, Немањици и Орел вчера доцна попладнето беа пеплосани од огнените јазици, кои брзо се ширеа поради ветерот, се првичните проценки на штетети според градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев.

Тој за МИА вели дека претпладнево нема опасност огнот да влезе во населени места, но горат површини со земјоделски култури.

Посочува дека во текот на ноќта брзо е интервенирано од страна на сите сили и огнот од селото Ерџелија е држен на растојание од околу еден и пол километар.

Во Светиниколскиот регион денеска на пожарите се интервенира и од земја и од воздух. 

Скопје - Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера спровело акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 265 возачи.

Скопје - Проф.д-р. Астрит Исени и официјално ја презеде функцијата заменик-министер во Министерството за внатрешни работи. Со преземање на функцијата, заменик министерот ја изрази својата длабока и максимална посветеност во неговата работа и неговиот придонес  во држување на јавниот ред и мир, со цел нашите граѓани да се чувствуваат заштитени и безбедни.

Скопје – Судењето поврзано со двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски започнува на 4 септември, информираат од Основен кривичен суд Скопје.

- Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следат работата на судот, ја информираме јавноста дека, главната расправа за предметот со К.бр.1339/24 поврзан со двојното убиство на малолетната В.Ѓ. и велешанецот П.Ж, во согласност со странките е насрочена за 04.09.2024 година во 10:00 часот во судница 1, стои во соопштението кое денеска беше објавено на веб-страната на Кривичен.

Оттаму дополнуваат дека расправата која требаше да се одржи денеска е отповикана по предлог за одлагање од Основното јавно обвинителство поради спојување на двете постапки.

Како што се наведува во соопштението од нив 41 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 110 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 155 надвор од населено место.

Росоман - Со тешки повреди се здобил синоќа малолетен мотоциклист кај росоманското село Сирково, потврди за МИА Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.  Синоќа околу 22 часот во ОВР Кавадарци, од болницата во Кавадарци било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен малолетник од Кавадарци. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при пад од мотоцикл на патот Градско - Прилеп во изградба, во близина на селото Сирково.   Доктор Ратко Грков, раководител на Итна медицинска помош во Кавадарци за МИА информира дека момчето било тешко повредено, со скршеници на глава и било пренесено на скопските клиники. 

Велес - Природните чешми во Велес се епидемиолошки несигурни, со непостојан квалитет, со висок процент на бактериолошка и физичко- хемиска неисправност, покажале последните анализи на вода од страна на екипи на ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес.

На секоја природна чешма  екипа на  оваа јавна здравствена установа постави табли со натпис „Водата НЕ СЕ ПИЕ“ , информира за  МИА, ,д-р Снежана Петрова, специјалист по здравствена хигиена и екологија од оваа јавна здравствена  установа.

Делчево - Тројца младинци од Делчево за прв пат ќе учествуваат на Охридскиот пливачки маратон. Тие вчера под менторство на професор Љупчо Прачкоски го одработија последниот тренинг на Градскиот базен во Делчево.

Како што истакна професорот Прачкоски, браќата Филип, Максим и Калин Стефановски се тројца момчиња кои со имаат огромна желба да пливаат.

Лион - Повеќе од 615 тони дрога и хемикалии во вредност од 1,6 милијарди долари се запленети во 31 земја во рамките на операцијата координирана од Интерпол.

Операцијата беше спроведена во април и мај годинава и резултираше со апсење на 206 лица поврзани со шверц на дрога и мрежи за шверц во Јужна Америка, Африка и Европа.

Во рамките на операцијата запленети се 505 тони хемикалии кои се користат за производство на дрога и експлозиви, што укажува на значително зголемување на транснационалните организирани криминални групи и нивната способност за производство на оружје, соопшти Интерпол. 

Ерусалим - Американскиот министер за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека не верува оти е неизбежна сеопфатна војна меѓу Израел и либанскиот Хезболах и дека Вашингтон сака работите да се решат по дипломатски пат.

Остин ги коментираше заканите на Израел за одмазда на заедничката прес-конференција во Манила со американскиот државен секретар Ентони Блинкен и нивните филипински колеги Гилберт Теодоро и Енрике Манал, јавуваат израелските медиуми.

Рабат - Франција го призна суверенитетот на Мароко над спорната Западна Сахара, менувајќи ја децениската стара позиција и додавајќи се на листата на земји кои го поддржуваат Мароко.

„Сегашноста и иднината на Западна Сахара спаѓаат во рамките на мароканскиот суверенитет. Франција има намера да дејствува доследно со оваа позиција и на национално и на меѓународно ниво“, напиша францускиот претседател Емануел Макрон во писмото до кралот Мохамед Шести.

Тагови

Остани поврзан