Велешанец измамил кумановец за 43 750 евра
- Жител на Куманово на возраст од 48 години, синоќа , во 20:00 часот во Сектор за внатрешни работи Велес ја пријавил измамата од велешанец за сума од 43.750 евра со намера да откупи крипто валута.
Велес, 27 февруари 2026 (МИА) – Жител на Куманово на возраст од 48 години, синоќа во 20:00 часот во Сектор за внатрешни работи Велес пријавил изма од велешанец за сума од 43 750 евра со намера да откупи крипто валута.
Според денешната информација од СВР Велес, тој на социјална мрежа објавил оглас за откупување на крипто валута, а подоцна преку друга социјална мрежа контактирал со лице со кое се договориле во крипто менувачница во Велес да ги уплати парите, а за возврат да му се исплатат крипто средства.
-Пријавителот ги предал парите на лице вработено во менувачницата во Велес и му било кажано дека истите се испратени на наведената адреса, но тој на својата адреса не ги примил крипто средствата, а лицето со кое контактирал го избришало разговорот од социјалната мрежа и ги блокирал неговиот број и бројот на менувачницата, по што сфатил дека бил измамен, појаснија од СВР Велес.
За настанот бил известен јавен обвинител и се преземале мерки за целосно расчистување на случајот.ад/вј/
Фото: МИА архива